- Граѓаните на Скопје се многу ранливи кога се однесува за зелените површини околу градот.Многу зелени површини беа оштететни заради новиот урбанистички план. Дали ќе понудите функционална зелена површина?
- Концептот зелената екологија е важен дел од Limak Diamond Skopje проектот. Планирани се уредени зелени хортликултурни површини на терасите на нашиот проект. Зелените тераси во резиденцијалните згради, се составени од игралишта за деца, патека за трчање, рекреациона област и севкупно 11,000м2 површина достапна само за резидентите, обезбедена за највисока приватност.
- Обичните луѓе мислат дека овој проект ќе го блокира свежиот воздух кој доаѓа од Планината Водно. Исто има коментари дека овој проект ќе го затвори градот целосно, правејќи го похаотичен и преполн град.
Тезата дека зградите на Limak Diamond Skopje ќе го блокираат протокот на воздух е сосема погрешно. Тие се дизајнирани и ќе бидат изградени на начин што нивната позиција нема да го наруши протокот на воздухот воопшто.
Нашиот проект е финалист на престижни познати награди, дизајниран е да донесе урбан, модерен и современ изглед во овој дел од градот кој долго време бил напуштен.
Центарот на Скопје со градбата на Limak Diamond Skopje ќе стане целосен во урбанистички поглед, како и што прилега на овој важен град за оваа област. Град со историја, култура и од големо значење за луѓето кои живеат тука.
Лимак е во согласност со највисоките стандарди за градба. Применува методологија за работа која ги почитува еколошките и градежните процедури, а во исто време грижејќи се за нормалниот урбанистички активности кои се одвиваат во неговата близина. Градежното место и градбата се во самиот центар, и можат да бидат видени од секого, што често може да створи непријатно чувство, но градот треба да се развива, да се урбанизира. Се надеваме дека работите ќе бидат завршени брзо, и ќе добиеме дел од Скопје на кој што сите ќе бидеме горди.
- Дали е разумно да се градат кули во Скопје, земајќи го во предвид фактот дека градот лежи на високоризична земјотресна зона?
Токму затоа што Скопје лежи на високоризична зома, Македонија има поставено високи стандарди кои мора да се исполнат при градба на еден ваков тип на згради. Се разбира, ќе се придржиме до нив и ќе ги испониме во целост. Благодарни сме на поддршката од Институтот ИЗИИС, кои што со нивната експертиза ја пратиме градежната процедура. Од аспект на инженерство, ова е изводлив проект.
Очекуваме многу цивилни инженери да го посетат градилиштето на кои што ќе им ги покажеме како градежните техники се применети.
- Дали Лимак ќе се придржи до договорот прво да изгради подземна сообраќајница а потоа да гради над површината?
Лимак има потпишано договор со градот Скопје во врска со градење на подземен тунел откако беше доделен тендерот на Лимак. Условите за овој договор не се променети и нов договор не е потпишан. Лимак ќе ги исполни сите услови кои се прецизирани во овој оригинален договор. Според планот на градбата, физички не е можно да се градат канцеларии, трговски ценатр, паркигнзи и резиденции пред или без да се изгради подземната сообраќајница.
Според планот на градба на Лимак, подземната сообраќајница ќе биде првиот елемент од проектот на Лимак кој ке се гради на локацијата 1.1.
- Колку е комплексна градбата на тунелот и четирите згради ? Кои сеизмички и архитектонски стандарди ќе бидат применети, земајќи во предвид фактот дека Скопје е во област на високо ризична земјотресна зона ?
Ние сме свесни за трагичните искуства на Скопје од големи земјотреси во минатото. Часовникот на Градот Скопје константно не потсетува на ужасните штети кои градот ги доживеа во земјотресот во 1963 година. Во фазата на дизајнирање, Лимак работеше со најдобрите цивилни-структурни инженерски компании од Турција и исто така со Институтот ИЗИИС од Македонија со цел да се се применат и спроведат сите сеизмички, структурни и архитектонски стандарди на Македонија, каде што жителите на Limak Diamond Skopje би живееле безбедно од поголеми земјотреси во иднина.
Лимак ќе примени напредна технологија во овој проект. Првиот дел на планот за градба на Лимак е подигање на на дијафрагма ѕидови околу сите места на проектот. Оваа ѕид дијафрагма ќе биде повеќе од 17,000м2 во површина , додека нашите столбови ќе бидат повеќе од 15км во должина и 16+ метри во длабочина. Sидот исто така ќе биде изолиран за да ја држи подземната вода надвор од градежната зона и подземните елементи по заршувањето на градежните работи.
Подземната сообраќајница ќе биде завршена во втората половина на 2020. Сепак, Градот Скопје ќе треба да ги заврши нивните градежни обврски кои што треба да бидат комплетирани надвор од градежните земјишта на Лимак за подземната сообраќајница да биде функционална.
- Дали планираните згради ќе се вклопат во овој дел на центарот на Скопје?
- Го адаптиравме проектот во согласност со урбанистичкиот план, со акцент да не го дисторзираме аестетичкиот и функционалниот простор во овој дел на центарот. Според урбанистичкиот план на Скопје, згради се предвидени на овие површини.
- Која ќе биде продажната цена по метар квадратен во резиденцијалниот дел од комплексот?
- Цените на пазарот на недвижнини ќе се движи според вредноста на становите во централниот дел на Скопје. Тоа значи дека становите ќе бидат достапни за сите луѓе кои преферираат да живеат во мултифункционален комплекс во центарот на градот.
- Иднината на Старата Железничка станица , сега Музеј на Град Скопје, сеуште не е јасна. Дали ке биде реконструирана, или пак ќе стане дел од вашиот проект во модерен стил ?
- Зградата на Музеј на Градот Скопје е вон рамките од нашиот проект. Лимак нема никакви обврски да ја реконструира оваа зграда. Очекуваме оваа зграда да биде реновирана од страна на Министерството за Култура и градските власти. Исто така, веруваме дека естетски ќе биде синергизирана со нашиот проект.
- Колку ќе биде целосната инвестиција во овој проект?
- Се проценува дека Лимак ќе инвестира до 250 милиони Евра за изведба на целиот овој проект.
- Дали е вистина дека проминентни политички фигури побарале вашиот проект да биде во барок стил ?
- Архитектот на нашиот проект, Господин Али Осман Озтурк, е светски препознаен Турски архитект. Неговиот артистички дизајн е доста модерен како што може да се види од сликите. Лимак проектите немаат згради во барок стил.
- Дали мислите дека вашиот финален архитектски стил на овој комплекс ќе биде успешно инкорпориран во сегашниот стил на оваа област, имајќи во предвид дека новите изградени објекти наоколу се во барок стил?
- Нашиот аркитектски стил го почитува целосниот изглед и чувтство на центарот на градот. Limak Diamond Skopje проектот ќе биде добро инкорпориран во својата околина бидејќи зградите околу него се модерни објекти, како што е на пример City Plaza деловниот објект.
- Кога проектот ќе биде завршен ?
- Со градежна површина од преку 300,00м2, инкорпорирајки повеќе различни типови на намена (и.е тунел, шопинг центар, резиденцијални згради, канцеларии, хотел и казино) во централната локација на градот, Limak Diamond Skopje е доста сложен проект. Нашата цел е да се завршат градежните работи на време, а тоа ќе го исполниме со добро навремено планирање со кое што би ги достигнале нашите цели. Ќе изградиме проект со кој што градот Скопје ќе се гордее !
- Јужниот булевар е главна врска меѓу источниот и западниот дел на градот. Дали имате решение за сообраќајниот хаос кој што ќе се случи во текот на градбата?
Официјанлните лица на Градот Скопје се подготвуваа за градежните работи веќе некое време и алтернативни рути се идентификувани и ќе бидат скоро објавени во јавноста. Очекуваме дека ќе има повеќе од нормалниот метеж заради градежните работи, но не очекуваме да бидат хаотични.
Во продажба ќе бидат становите и ќе го издаваме рентабилниот простор во проектот заклучно со временската рамка која ќе биде објавена. Исто така, од исклучителна важност за е Лимак е градежните работи да се завршат навреме. Од перспектива на Лимак, ќе се потрудиме во целост да работиме според временската рамка за градба во целост.